Стартува проектот за унапредување на дигитализацијата во земјава
Почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Македонија, кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, официјално е означен на средба на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од американската Амбасада во земјава.
Како што информираат од Секретеријатот за европски прашања, на средбата биле реафирмирани целите на проектот и биле прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласил важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодарил за партнерството и поддршката со кои се унапредува принципот на добро управување.

– Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобри квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето на услуги за граѓаните, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите, но, воедно, е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Македонија, изјавил Димитров, пренесуваат од СЕП.
Овој проект претставува прва трилатерална соработка меѓу Македонија, Естонија и Соединетите американски држави, насочено кон поддршка на процесот на приближување кон европските стандарди и напредок во европската интеграција.
Дополнуваат дека во рамки на посетата, претставниците од Естонскиот центар за меѓународен развој ќе остварат средби со повеќе институции, меѓународни донатори, претставници од приватниот и граѓанскиот сектор кои се активни чинители во областа. Целта на овие средби е мапирање на состојбите во врска со дигитализацијата на процесите и услугите, како појдовна точка за понатамошно спроведување на проектот, а во петок, 24 септември, ќе се одржи и прес-конференција за претставување на проектните цели и активности.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
