Заев: Развиено стопанство значи развиена држава
„Владата е партнер на деловната заедница. За нас се еднакво важни и домашните и странските инвеститори.
Ефектите од владините економски политики за поддршка на инвестициите, како и за зголемувањето на конкурентоста на компаниите се евидентни.
Во 2017 година кога го воведовме Законот за финансиска поддршка на инвестициите имаше 27 договори за поддршка на домашните и странските компании.
Сега имаме 245 договори со компании кои веќе имаат инвестициски циклус од над 150 милиони евра. Само во 2021 година до овој момент се прегледуваат 150 нови барања за поддршка на инвестициските циклуси.
До средината на октомври, кога треба да заврши процесот за годинава, ќе завршиме со 380 активни договори за поддршка на инвестиции од домашни и странски компании надвор од инвестициите во ТИРЗ. Кога ќе ги додадеме и нив бројката е 420 компании кои влегле во инвестициски циклус.
Станува збор за долгорочни инвестициски циклуси, кои траат и до 10 години.
Охрабрува тоа што и бројни компании инвестираат, го зголемуваат бројот на вработени и го прошируваат производството, како резултат на предвидливата бизнис клима во земјата.
Креираме поволен амбиент за инвестирање, развиено стопанство значи развиена држава.“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
