Мендух Тачи одлепувал плакати и кршел билборд на АА во Тетово
Мендух Тачи, актуелен пратеник од политичката партија ДПА, доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, пренесува Слободен печат.
Имено, станува збор за одлепување на плакати и кршење на билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник на политичката партија Алијанса на Албанците во Тетово.
„Денес во 01.50 ч. во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со ПМВ „Голф“ и ПМВ „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците“.
По преземените мерки, набрзо биле пронајдени и стопирани возилата од страна на УПС и при легитимирањето било констатирано дека во едно од возилата, ПМВ „Ауди“ се наоѓа пратеникот од редовите на ДПА, Мендух Тачи.
Откако е извршена консултација со ЈО лицата веднаш биле ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
