Два пати условно бил осудуван убиениот полицаец од Велес, прегазил 6 тинејџери и ја давел и балдазата
Александар Ристовски од Велес, вработен како полициски службеник во СВР Велес, кој вчера беше избоден од партнерката со која живеел во вонбрачна заедница, досега два пати бил осудуван во Основен суд Велес условно, за две кривични дела, дознава САКАМДАКАЖАМ.
Како што пишуваат од порталот првиот пат бил осуден за сообраќајна несреќа случена на 28 февруари 2010 година.
Имено, откако возел со двојно повисока брзина од дозволената во град и удрил во шестмина тинејџери кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Второто кривично дело – Изнуда го сторил на 13 септември 2016 година пред нотар во Велес, кога осомничената за убиството и нејзината сестра се договарале за оставинската постапка, а починатиот ѝ пришол на сестрата, ја фатил за врат и се заканил со зборовите „ќе ти го скршам вратот ако не ѝ ја препишеш куќата на сестра ти“.
Од Обвинителството соопштија дека пред да се случи убиството, претходно парот имал расправија, по што Александар ја фатил за врат својата партнерка, па таа го прободела со нож, по што тој починал.
На барање на Обвинителството, на П.И. ѝ одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец физички ги нападнал својата жена и мајка
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
-

27-годишен неготинец физички ја нападнал својата 19-годишна невенчана сопруга
