Димитриевски: Двигател на општествените промени се токму граѓанските организации, имаат значајна улога во креирањето на локални политики
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, остварија средба со претставници од граѓанските организации, хуманитарно здружение Мајка, Здружение Цивис, Коло српских сестара, Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, Порака наша, Доверба, Ц.Р.З ДРОМ и ПР Агенција Биди своја.
На средбата, заеднички беше разговарано за локалните проблеми и важноста од вклученост на граѓанските организации во подобрувањето на состојбите во Куманово.
„Граѓанскиот сектор е двигател на општествените промени. Здруженијата на граѓани имаат значајна улога во креирањето на локални политики и затоа тие треба да се главен партнер во градење на позитивни промени на локално и национално ниво“, порача Димитриевски.
Ново на Сител
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
