Села: Таравари ќе победи уште во првиот круг
Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива во рамки на предизборните активности синоќа во Гостивар одржа предизборен собир со жителите на населбите Леска и Дутлок. Пред партиски членови и симпатизери, беа претставени делови од предизборната програма „Трансформиран Гостивар“.
На собирот зборуваше и лидерот на политичката партија „Алијанса за албанците Зијадин Сеља кој истакна дека победата во Гостивар е јасна и дека тоа ќе се случи во сите општини од Струга до Липково.
– Знам дека во Гостивар работата е завршена и знам промените ќе продолжат, а Гостивар ќе ја најави победата на Алијанса на овие избори. Победата од Гостивар ќе се пренесе во Струга и секоја општина до Липково. Конечно дојде времето на демократија, слобода, надеж кои доаѓаат со овие промени. Политичките противници попусто трошат време, бидејќи Арбен Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар и ќе победи уште во првиот круг, рече Сеља.
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата, Арбен Таравари во обраќањето пред сопартијците во спортската сала на гимназијата ја побара поддршката за уште еден мандат и повика на смиреност до крајот на кампањата.
– Ве замолувам да ги мотивирате вашите блиски, сите да излезат на гласање. Ве замолувам истоа така и за трпение, имаме уште девет дена до големата победа. Одете и разговарајте со луѓето, покажете ги нашите аргументи, побарајте поддршка без притисок, без закани. Кажете им ги аргументите од работата што ја направивме во претходните четири години. Нема да има уцени, бидејќи животот ќе продолжи на 18 октомври. На 17 октомври во прославата на големата победа ќе ги повикаме и нашите противници затоа што тоа ќе биде победа на сите, рече Таравари
Тој побара од гостиварци да го заокружат бројот шест на ливчето со кандидатите за советници и да го поддржат носителот на листата, Ваљбон Лимани. Коалицијата Алијанса-Алтернатива во рамки на предизборната кампања во општина Гостивар, претходно имаше средби со граѓаните на Долна и Горна Бањица.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
