Арсовска: Реконструкција и замена на дотрајаните и нефункционални водоводни цевки
Оптимизација на водоснабдителниот систем со што ќе овозможи заштеда на електрична енергија, вода, контрола на притисокот на мрежата што предизвикува чести дефекти и загуби на вода во системот. Решавање на проблемот со водоводната мрежа е еден од приоритетите на незавизната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска за којшто дава брзо и сигурно решение.
“Стручен тим ќе изработи студија за утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој е поставен по Партизанска и другиот кој е поставен по булеварите Словенечка и Босна и Херцеговина. Овие главни цевководи се изградени уште во 1967 година со метални цевки и имаат ограничено време на трајност. Затоа ќе инвестираме во реконструкција и замена на дотрајаните и нефункционални водоводни цевки на територија на Град Скопје. Тоа ќе биде приоритет за мене”, порача Арсовска на денешна конференција за медиуми.
Арсовска, посочувајќи на честите проблеми и прекини на водоснабдувањето во различни делови од градот, упати прашање до моменталниот градоначалник зошто не се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа.
“Нема ден да нема прекин на водата во делови од градот. Само во изминатите 2 недели дефекти имало на ул. Фрањо Клуз повеќе пати во различни интервали, на ул. Благоја Стевковски, на ул. Борис Трајковски и тоа на 22 септември, 23ти, 28ми и 29ти септември. Жителите на улица Бутелска немале вода на 20 и 21 септември, два дена по ред. Без вода се оставени граѓани од Аеродром, Кисела Вода, Драчево, Чаир и Шуто Оризари, Визбегово и Бардовци. Исто така Ласкарци, Буковиќ и Рашче немаат вода со месеци и тоа треба итно да се реши. И ова се само дел од општините, затоа што доколку почнеме да ги набројуваме сите општини ќе сфатиме дека водоснабдувањето во градот ни е очигледно постојано во дефект. И затоа сакам да упатам јавно прашање до актуелниот градоначалник каде и на што се трошат парите на граѓаните, ако сите гледаме дека не се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа на градот”, потенцираше Арсовска.
Арсовска се осврна со конкретни решенија на проблемите и на останатите делови на Скопје, каде, како што кажа, во некои населени места во летниот период немаат вода и со недели.
“Ќе се изгради систем за водоснабдување на Ченто, Стајковци, Синѓелиќ, Инџиково и Хиподром. Исто така, од мостот во Маџари еден крак од водоводната мрежа по булеварот Александар Македонски, ќе продолжи до новата населба во Хиподром. Приоритет на Град Скопје ќе биде изградба на квалитетен систем за водоснабдување и во Љубанци, Љуботен, Раштак, Булачани, Виниче, Страчинци и Брњарци. Според програмата за модерно Скопје, која по 17 октомври ќе биде и програма на градот, ќе отпочне изградба на пумпна станица, потисен цевковод и резервоар, со што ќе се добие трајно решавање на проблемот со недоволен притисок во мрежата на Општина Ѓорче Петров. Скопје ќе биде град кој се грижи за сите граѓани подеднакво и ќе инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот, а инвестирање во реконструкција и замена на дотрајаните и нефункционални водоводни цевки на територија на Град Скопје ќе биде приоритет за мене”, додаде Арсовска.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица