Словенечкиот Врховен суд одлучи дека нема правна основа за изрекување казни за неносење заштитни маски во затворени јавни простори
Словенечкиот Врховен суд одлучи дека нема правна основа за изрекување казни за неносење заштитни маски во затворени јавни простори. Што значи оваа одлука за оние кои веќе ја платиле казната? Ништо ако не поднесат тужба против државата. Нема автоматизам во враќањето, објави словенечко Дело.
Казните за поединци се движеа од 400 до 4.000 евра.
Адвокатот Блаж Ковачич Млинар за Дело вели дека на оние кои веќе ги платиле казните им останува само правен лек и дека можат да ја тужат државата.
„Имаат можност да ја тужат државата затоа што немаше правна основа за изрекување парична казна. Тоа е неоправдано збогатување на земјата. Тешко е да се предвиди како ќе испадне ова, но во секој случај, како и кај сите слични постапки, може да заврши со спогодба. Главниот збор го има државното обвинителство, кое ја претставува Република Словенија“. Тој додава дека нема автоматизам за враќањето на казната.
Врховниот суд на Словенија, синоќа одлучи по барањето за заштита на законитоста против правосилната пресуда на окружен суд, кој издаде опомена до сторителот за делото според Законот за заразни болести. Судскиот совет оцени дали, земајќи ги предвид основните принципи на кривичното право, делото од точка 14 од првиот став од членот 57 од Законот за заразни болести (ЗНБ) може да се идентификува во случај на неносење заштитна маска. Тие, исто така, посочија дека не мора да коментираат за прашањето за разумноста во однос на налогот за носење маски или административната или друга димензија на таквата наредба.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша на таа одлука објави:
Неверојатно. На друго место во ЕУ, судството се обиде да помогне да се спасат здравјето и животот на луѓето, само во Словенија Врховниот суд…се попаметни од целата здравствена и правна професија во ЕУ“.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
