Променливо облачно, попладне повремен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови со повремен дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во останатите делови, кога повремено ќе бидат поинтензивни.
Како што информираат од УХМР, на планините на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над20 л/м2) проследени со засилен северен ветер.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 центиметри. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.
Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа