Путин ги отфрли тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цената на енергенсите
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремљ има „конструктивни“ односи со Вашингтон и изрази надеж дека заедничките интереси на крајот ќе помогнат за нормализирање на американско-руските односи. Тој ги отфрла тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цените на енергијата.
На меѓународниот енергетски форум во Москва, Путин кажа дека Русија е подготвена да ги зголеми испораките на природен гас за да помогне во намалување на тензиите на европскиот енергетски пазар, инсистирајќи дека неговата земја сака цените да останат стабилни.
Тој ги отфрли обвинувањата на некои европски експерти и политичари дека Русија го прекинува снабдувањето со гас и предизвикува скок на цената на енергенсите, нарекувајќи ги „политички мотивирани гласини“ и додавајќи дека испораката на руски гас годинава е зголемена за 15 отсто.
-Тврдењата дека Русија ја користи енергијата како политичко оружје се чиста глупост и заблуди. Ги зголемуваме залихите онолку колку што бараат нашите партнери, рече тој.
Путин кажа и дека новоизградениот гасовод „Северен тек 2“ до Германија, што ја заобиколува Украина под Балтичкото Море, би бил поповолен за потрошувачите бидејќи е 2.000 километри пократок од украинската рута, со што се намалува цената на гасот.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот