ЈО: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности, дадени насоки за натамошно постапување
До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни нерегуларности. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите, информира Јавното обвинителство на Република Северна Макеоднија.
-На електронската адреса izbori@jorm.mk , стои во соопштението, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата.
По насока на Основното јавно обвинителство Куманово, во врска со пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ, за кој настан обвинителството оформи предмет, нагласуваат, извршен е разговор со повеќе лица и нема информации со кои би се потврдиле наводите од пријавата. Се продолжува со преземање на дејствија по насоки на јавен обвинител.
-Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настан пријавен од претседател на Избирачки одбор, во врска со извршено уништување на гласачки материјал односно искинати гласачки ливчиња. Имено, околу 12:45 часот лице при остварување на право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По извршени консултации со јавен обвинител и постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од член 164 став 1 од Кривичниот законик, дадени се насоки за натамошно постапување, велат од ОЈО.
Во врска со известување од страна на Оперативниот штаб доставено од страна на Амбасадата на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација, додаваат, Основното јавно обвинителство Скопје даде насоки за натамошно постапување, по кои МВР СВР Скопје врши оперативни проверки.
-Основното јавно обвинителство Кочани известено е од ОВР Кочани за повеќе настани кои се однесуваат на вршење агитација пред избирачки места, превоз на гласачи, како и сомнение за вршење поткуп и повреда на слободата на определувањето на избирачите. По дадените известувања во обвинителството се оформени предмети и дадени се насоки да се утврди идентитетот на лицата, да се достават податоци за возилата и да се извршат оперативни проверки, посочуваат од ОЈО и потенцираат дека Јавното обвинителство продолжува со следење на процесот на гласање и постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина