Уапсени разузнавачи од АНБ, рекетирале познати скопски бизнисмени
Полицијата уапсила неколку припадници на Агенцијата за национална безбедност по налог на шефицата на Обвинителството за гонење огранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска, објави „Слободен печат“.
Според порталот, припадниците на АНБ рекетирале познати скопски бизнисмени.
-Станува збор за истражители на АНБ кои ја злоупотребиле својата положба и преку креирање на фиктивни кривични пријави уценувале сопственици на угледни компании, потврдија од МВР за „Слободен печат“.
Според пишувањата на порталот, еден од приведените е фатен со 5.000 евра поткуп кој го изнудил од уценувана жртва во локал во скопски Карпош.
Полицијата ги запленува и компјутерите и телефоните на разузнавачите од АНБ кои се вмешани во скандалот со рекет на угледни бизнисмени.
МВР повеќе детали за оваа акција ќе соопшти во текот на утрешниот ден.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
