Нови униформи за полицијата и други единици на МВР
Припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи добија нови униформи, кои денеска беа промовирани во кругот на МВР.
Поточно, како што соопштија од МВР, набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8.550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на следната година. Исто така, и 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани се 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.

-Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани, потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи.
Инаку, целосно нови униформи добија повеќе организациски единици во полицијата, меѓу кои Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, која доби дводелна цивилна облека и обувки, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници.

-Со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, соопштија од МВР.
Од МВР потенцираат дека актуелното раководство ќе продолжи да соработува со Македонскиот полициски синдикат, да го слуша нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да се унапредуваат условите за работа и да се подобруваат материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
