Трајко Славевски избран за претседател на Совет на Град Скопје
На конститутивна седница со 26 гласа „ЗА“ беше избран Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот на Град Скопје.
Покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за него гласаа и од Левица, Алијанса на Албанците и Алтернатива и двајцата советници на коалицијата ЛДП ДОМ.
Трајко Славевски порача дека во Советот нема да има место за политика и идеологија, туку Советот ќе мора да работи за да ги подобри условите за житвот на сите граѓани на Скопје. Модернизација на градот и реализирање на ветените проекти.
- Состојбата особено во претпријатијата не е добра. Се соочуваат со големи проблеми особено превработеност, пред нас стои тешка задача. Ове ќе биде многу квалитетен Совет, ние ќе бидеме контролори на работењето на градоначалничката и на претпријатијата, изјави Славевски.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
