Македонија
22. November 2021 - 10:30

Вчера за брзо возење санкционирани 661 возач

 На територијата на целата држава вчера се изречени 661 санкција за возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, во рамките на зајакнатата акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што информира МВР,  105 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 со над 70 километри на час. Притоа, 315 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.