Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија на Струмица
Еден месец ја извршувам функцијата градоначалник на Општина Струмица. Дојдов со силна желба, концепт и подготвен за работа. И јас и мојот тим се договоривме и работиме интензивно, транспарентно и отчетно и во кабинетот и на терен. Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија на нашата Општина, модерна и европска, истакна на денешната прес – конференција градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој оцени дека Општината е во стабилна состојба, а започнатите проекти интензивно се реализираат. Подвлече дека мандатот го почнал со неколку лични примери.
-Работниот ден го започнувам во 07:00 часот, со посветена, неуморна работа, ред и дисциплина, почнувајќи од мене, па до последниот вработен во општината, јавните претпријатија и училиштата. Се откажав од користење на службено возило и службен телефон, а средствата ќе бидат наменети за проектот Младински културен центар. Јавно го објавив мојот телефонски број, а тоа ќе го направат и директорите на јавните претпријатија и раководителите на секторите во Општината и надлежните служби за непосредна комуникација со граѓаните за побрзо и поефикасно решавање на нивните проблеми, рече Костадинов.
Додаде дека е почната сериозна градежна офанзива, во која втор слој асфалт е поставен на осум улици со вкупна површина од 11.500 метри квадратни.
-Се изврши бетонирање на платформата на детското игралиште на улицата „Моша Пијаде“ познато како „Шпики“ на кое ќе биде поставена нова комбинирана играчка. Градиме игралиште и кај Домот на АРМ. Ја интензивиравме реконструкцијата на училиштето во Добрејци и Баница, но и на сите локации каде што течат градежни активности, им порачав на изведувачите да се почитуваат роковите, во спротивно ќе плаќаат казнени поени, посочи струмичкиот градоначалник.
Најави дека Општината ќе биде без диви депонии и затоа е воведено двосменско работење на комуналните инспектори, но паралелно ќе се работи и на подигање на јавната свест, особено за заштитата на животната средина.
Потсети дека е подигнато на повисоко ниво транспарентното и отчетното работење на Општината со враќање на јавните собири со граѓаните во урбаните и месните заедници и Буџетскиот форум, а заедно со граѓаните го креира буџетот за 2022 година.
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1