Во Крива Паланка собрани 51 единица крв

На денешната крводарителска акција која се одржа во локалната самоуправа на Крива Паланка собрани се 51 единица крв, информираат од општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.
- Одѕивот на денешната акција е одличен и покрај екстремно ниските температури. Паланчани и на минус седум степени покажаа дека се хумани. Ова е прва акција годинава на територијата на Крива Паланка и втора која ја реализира Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст Паланка.
Првата акција годинава согласно со Горишниот план на оваа општинска организација се одржа во село Петралица, во општина Ранковце, каде беа собрани 26 единици крв.
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка лани го натфрли годишниот план за крводарувања за речиси 40 отсто, а според Планот за крводарувања за 2016, планирани се 23 акции со проектирани 711 единици крв.
Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Ново на Сител
-

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
-

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ
-

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината
-

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик
-

Претседателот на иранскиот парламент го обвини Трамп дека „слепо ги следи наредбите“ на Нетанјаху
-

Најмалку пет лица загинаа во воздушен напад врз иранскиот Ком
