Струшките села Лабуништа, Подгорци и Боровец 30 часа без струја
Речиси 30 часа жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Боровец немаат електрична енергија. Револтирани реагираат дека при снежна покривка и од пет центиметри овие села имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Снежната покривка што вчера ја зафати земјава во струшко Лабуништа достигнала над 20 центиметри.
– Патиштата се исчистени, немаме проблем со непроодност, но при најмал снег ние немаме електрична енергија, а тоа повлекува проблем во мобилната мрежа и прекин во интернетот. Да не зборуваме колкава штета се прави со апаратите за домаќинство и храната во замрзнувачите, вели лабуништанец.
Поради дефект на 110 киловолтните далекуводи на АД „МЕПСО“, „Битола Ресен“ и „Вруток-Шпиље“ вчера околу три часа без елетрична енергија останаа: Охрид, Струга, Ресен Дебар и околните населени места. Од МЕПСО соопштија дека дефектите се отстранети и од нивна страна е обезбедено редовно напојување. Но и покрај ова повеќе струшки села останаа без струја, дел добија доцна синоќа.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп