Димитров: Да се фокусираме на реформите наместо на разочарувањата од ЕУ
Изгубивме многу време и енергија во претходните две децении поради спорот за името што го надминавме со Преспанскиот договор, инаку истакнат како триумф на дипломатијата од целиот демократски свет. Сите очекувавме дека овој успех конечно ќе ни овозможи да се фокусираме на реформскиот процес, така што нашите млади генерации ќе останат дома. Со оглед на моменталната состојба, сметам дека треба да се фокусираме токму на овој процес наместо на разочарувањето од еден до друг состанок на Советот на ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на онлајн конференцијата за процесот на европска интеграција на регионот, организирана од Институт Европа при Универзитетот во Саарбрикен, Германија.
Вицепремиерот Димитров во своето обраќање пред европската академска заедница истакна дека патот на Македонија кон ЕУ е особено специфичен и драстичен од аспект на времето, но и наметнатите предизвици, што го доведуваат во прашање влијанието на ЕУ кон регионот засновано на политиката на условеност, што подразбира напредок врз основа на исполнувањето на пристапните критериуми.
Димитров дополни дека Македонија има постигнато значаен напредок во процесот на европеизација како клучен процес за пренесување на европските стандарди со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и можностите за младите луѓе, како суштина на пристапниот процес.
– Пристапниот процес во ЕУ е најсилната алатка за трансформација на општеството и заеднички предизвик е тој да биде подинамичен и да испорача вистински резултати, бидејќи отпочнувањето на преговорите самото по себе не е гаранција дека земјата преку ноќ ќе стане европска. Македонија има подобра подготвеност во првиот кластер „Темели“ споредено дури и со земјите кои се во преговарачки процес и нашата енергија треба да ја насочиме токму во оваа насока, рече Димитров.
На конференцијата учествуваа високи претставници од регионот, вклучително и заменик министерката за правда на Албанија, при што заедно со истакнатите членови на академската заедница во Германија, беше реафирмирана важноста на европската интеграција на регионот за што клучен момент е отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Ново на Сител
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
