Ковачевски - Гир: Владата предводена од СДСМ останува посветена на барање заедничко прифатливо решение со Софија
Владата предводена од СДСМ останува посветена на барање заедничко прифатливо решение, со Бугарија, согласно европските вредности. Има одредени сигнали од премиерот Петков и очекувам да дојдеме до решение. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат по вредностите на стандардите и вредностите на ЕУ, затоа ќе се посветиме на реформите кои овие вредности ги носат во нашата држава, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на средбата утрово со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.
На средбата со Гир, како што соопшти СДСМ, се разговарало за повеќе актуелни теми, важни за реформите и евроинтегративниот процес на државата.
Ковачевски се заблагодари на постојаната поддршка од ЕУ и истакна дека како новоизбран претседател на СДСМ и иден претседател на Владата пред себе има поставено неколку приоритети во работата, ефикасност на институциите, решавање на предизвиците со енергетската криза и пандемијата, реализација на економски реформи, неселективна борба против корупцијата кои ќе доведат до повисок економски стандард, и напредок на евро-интеграцискиот пат на државата и оти во сите овие приоритети, ЕУ ја гледаме како наш партнер.
Ковачевски истакна дека идната Влада што тој ќе ја предводи ќе биде составена од докажани, професионални и угледни личности, а работата на Владата ќе се фокусира на зелената агенда, унапредување на економскиот стандард и посветена борба против корупција.
Евроамбасадорот Гир упати честитки до Ковачевски за неговиот избор, додавајќи дека и тој и новата Влада ќе продолжат да имаат силен сојузник во ЕУ и дека тоа ќе се покаже на дело.
Тој посочи дека Унијата ќе помогне да се дојде до заедничко прифатливо решение со Бугарија со цел Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
