Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка
За оставката на премиерот Зоран Заев веќе е известен шефот на државата и пратениците, Владата е во оставка и течат уставните рокови за избор на нова Влада, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Тој оставката на Заев ќе ја констатира пред почетокот на закажаната седница за пратенички прашања. Пратенички прашања нема да има вели Џафери.
- Каква придобивка ќе има од таква седница кога Владата е во оставка. Таа технички ги извршува должностите, но само технички. Нема законска одредба која го спречува одржувањето на седницата, но има воспоставена пракса за влада во оставка да нема пратенички прашања. Исто како што нема седници пред изборна кампања пред локални избори не затоа што така вика некој закон туку зстоа што тоа е пракса, рече Џафери на брифингот со новинарите.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
