Пронајдена рачна бомба кај Дебар

Покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, вчера, пронајдена е рачна бомба, која е безбедно подигната од надлежните, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
-Вчера околу 9:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека, покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, била пронајдена рачна бомба. Увид на местото извршија екипи од ОВР Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, по што, бомбата е безбедно подигната од претставници на Дирекцијата, изјави Димоски.
Последниот ден од септември, на крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај месноста „Венец“ беа пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, додека неколку дена претходно, исто така, во близина на Дебарско Езеро беа откриени седум рачни бомби од Втората светска војна.
Сите експлозивни направи беа безбедно подигнати од претставници на ДЗС за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
