Бачовски: Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на над 10 илјади земјоделци, исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20 отсто за регистрирани земјоделци.
-На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1.793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари. На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари. Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне, 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре, а такви се 32 фармери, изјави Бачовски.
Нагласи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во наредниот период ќе продолжи со неселективната исплата на средства за субвенции и потенцира дека во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за земјоделски субвенции.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија
-
Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија
-
АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
-
Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
-
По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент
-
Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи Таравари
-
И денеска чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња
-
Промовирана студија за врсничкото насилство во училиштата од истражување спроведено во три општини