Македонија
22. January 2016 - 8:50

Најстудено во Берово и Крива Паланка

Најниска температура во Македонија, минус 13 степени, изутрина во седум часот  е измерена во Берово, по што следат Крива Паланка  со минус 11 степени и Маврово со минус десет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Лазарополе и во Крушево се регистрирани минус осум степени, минус седум во Дебар, минус шест во Струмица, Претор и Штип, минус 5  во Куманово и  Виница, минус 4 во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Охрид, минус два во Демир Капија, минус еден во Кавадарци и Дојран, а нула во Гевгелија.

Снежна покривка со висина од 33 сантиметри има во Маврово, 27 во лазарополе, 25 во Берово, 17 во Пожаране и Крушево...

Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, со максимална темпетарура до 0 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно стабилно и студено време со ниски утрински температури. Најстудено ќе биде утре наутро, кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -12 степени. Од средина на неделата ќе има извесно затоплување, соопшти УХМР.