Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје
Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“ и истакнува дека сега Грција се стреми кон добри односи со Македонија.
– Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Македонија и во главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон централна и источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога, рече Мицотакис.
Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.
Мицотакис вели дека е целосно доследен во однос на ставовите за Договорот од Преспа изнесени пред Нова демократија да дојде на власт, објаснувајќи дека за него ќе беше многу лесно и политички корисно, ако предизборно велеше дека ќе го поништи договорот.
– Не го сторив тоа бидејќи сум сериозен политичар и многу добро знам дека договорите не можат да се променат, рече грчкиот премиер.
Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“ емитувано синоќа кусо пред полноќ, Мицотакис најави второ зголемување на минималната плата во Грција, отфрли секаква можност за воведување локдаун во земјата, но и секакво сценарио за одржување предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија