-->
-->
Младиот Игор кој го извлече крстот од Крива Река, наградата ја донираше на семејство во тешка состојба
-->
Младиот дваесет и четиригодишниот Игор Митковски, кој го извлече крстот од водите на Крива Река, денеска ја донираше наградата што генералниот спонзор „Зегин“ му ја додели-машина за перење, на семејството Атанасовски.
Четиричленото семејство Атанасовски е во исклучително тешка состојба. Борче, 52 години, е единствениот вработен, работи четири часа дневно бидејќи мора да ги обавува сите потребни работи. Сопругата е со бубрежна инсуфициенција и оди на дијализа, едното дете, машко,15 години, има здравствен проблем со дебелото црево, а ќерката 19 години, е со церебрална парализа.
Митковски рече дека се чувствува среќен и со ова сака да даде пример за тоа како треба сите млади луѓе, но и воопшто сите луѓе што можат, да помогнат.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ги прими Митковски и другарите, како и Борче Атанасовски, поздравувајќи го гестот, со акцент на тоа дека општината во изминатиот период е во постојана комуникација со семејството и веќе прави конкретни чекори за помош.
– Му честитам на хуманоста и одважноста на Игор, тој изрази желба да донира,а бидејќи ние како локална самоуправа сме веќе запознаени и претходно дониравме еднокоратна помош за ова семејство, посочив дека ќе им биде добредојдена и оваа машина,за полесно обавување на потребите. Како личност мој приоритет е да се биде хуман, така што, службите се во комуникација со останатите чинители и надлежни институции за помош и олеснување на состојбата на ова семејство. Среќен сум кога другите се среќни и оваа порака ја упатувам до сите граѓани, да го следиме патот на добрината во животот, изјави градоначалникот Митовски.
Митковски рече дека седум пати досега скока по крстот, а среќата да го извлече од водите на Крива Река ја има вторпат, по 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје