АХВ се оградува од постапката на инспекторот од ПЕ во Берово и најави спроведување законска постапка
Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера била објавена во медиумите и на социјалните мрежи.
Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, посочуваат од Агенцијата, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан на разговор и соодветно процесуиран.
Од АХВ потенцираат дека против сите лица вклучени во случајот ќе покренат и спроведат соодветна законска постапка.
Здружението за заштита на животни Анима Мунди вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно. Побараа итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.
Во реакција за случајот министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека е згрозен од монструозниот чин на инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, и најави итно постапување и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.
Сточарот Александар Мачевски од пехчевското село Робово, пак, во врска со написот на Анима Мунди изјави дека снимката е лична и приватна направена во неговиот дом како традиција што секоја година се прави во домот на сточарите кога ги продаваат јагнињата.
-Се свири песната „Изгубеното јагне“ и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и ,заколено” и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушувате угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија против здружението, вели Мачевски.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија