Лукашенко: Белоруската армија ќе дејствува исто како и руската армија
– Во случај Киев „да почне војна против Донбас“, проруски сепаратистички регион во источна Украина, белоруската армија ќе дејствува на ист начин како и руската армија, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во интервју за руски медиум.
– Ако тие (Украина) почнат да се борат против нас или против Русија, тогаш и ние ќе се бориме, бранејќи се, посочи Лукашенко.
Запрашан да прецизира како белоруската армија ќе се однесува во случај на воена акција против Донбас, тој одговори: „Исто како и руската“.
На прашањето против кого се насочени тековните воени вежби на Русија и Белорусија, Лукашенко одговори: „Ако треба, тогаш против Украина и против НАТО“.
Руски трупи почнаа да пристигнуваат во Белорусија кон средината на јануари за да учествуваат во проверка на силите за реакција во заедничка вежба што ќе трае од 10 до 20 февруари.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново