Македонија
10. February 2022 - 13:20

Мицкоски: Со Бугарија сме имале заедничка историја исто како што сме имале и со други држави, но како различен народ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека со Бугарија сме имале заедничка историја, но како различен народ.

Како што додаде тој, заедничка историја сме имале и со други држави, но повторно, како различен народ.

„Како различен народ, како Македонци и Бугари – да, имаме заедничка историја, како различен народ. Исто како што сме имале заедничка историја и со Хрватите и Словенците. Но, како различен народ во иста држава, којашто тогаш функционирала на ниво на федерација“, рече Мицкоски.