Тренчевска: Посветени сме ранливите групи граѓани целосно да ги остварат своите права
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на невладината организација на жени Ромки од Шуто Оризари. Од организацијата биле истакнати потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки во делот на остварувањето на социјалните права, правото на лични документи на лицата без државјанство, за недостаток од матичен гинеколог, вработување по етички клуч и за носењето на новата Национална стратегија за Роми 2022-2030.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика,Тренечевска посочила дека системот на социјална заштита е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик.
-Како ресорно министерство и како Влада целосно сме посветени, сите граѓани да имаат еднаков пристап до правата и услугите. Посветени сме ранливите групи на граѓани целосно да ги остварат своите права на сите социјални услуги што ги креиравме во изминатиот период, како што се правото на детски додаток, гарантираната минимална помош, здравствената заштита на жената Ромка, истакнала Тренчевска.
Од МТСП најавуваат дека на 24 февруари Министерството за труд и социјална политика, заедно со Делегацијата на ЕУ, Секретерјатот за европски прашања, со техничка поддршка на РЦЦ, ќе организира семинар за Роми и Роми бегалци, на кој ќе биде презентирана и новата Национална стратегија за Роми.
Ново на Сител
-

Американскиот министер за финансии изјави дека војната со Иран влегува во „завршна фаза“
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
