Лавров го информира Гутереш за преговорите меѓу Русија и НАТО за безбедносните гаранции
– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го информирал генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за преговорите на Русија со земјите-членки на НАТО и ОБСЕ за безбедносните гаранции, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– Тие разменија мислења за голем број актуелни меѓународни теми, вклучувајќи ги Сирија, Либија, активностите на мисијата на ОН на Косово, во контекст на руското претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации во февруари, пренесоа руски медиуми.
Лавров му обрнал внимание на генералниот секретар на ОН на проблемите со кои се соочува руската мисија во ОН во САД поради неисполнување на американските обврски, пред се во однос на канцелариски простор и издавањето визи за вработените и членовите на руските делегации кои учествуваат на Генералниот Собрание.
Гутереш и Лавров ја истакнаа важноста од понатамошни напори „за зајакнување на централната координативна улога на Обединетите нации во глобалната политика“ и ја повторија својата посветеност на соработката меѓу Русија и ОН.
Ново на Сител
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак
-
Приведени двајца крадци во Гостивар
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД