Свет
19. February 2022 - 10:19

Лондон договори санкции против Русија со Г-7 и ЕУ

– Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека Велика Британија веќе договорила со своите партнери од Г-7 и Европската унија (ЕУ) санкции против Русија во случај на нејзина воена интервенција врз Украина.

Таа го изјави ова во интервју објавено денеска за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

– Отстапките нема да ја спречат Русија да нападне. Мораме да покажеме сила со поддршка на Украина. Треба да гарантираме дека е подготвен строг пакет итни санкции. Веќе ги договоривме тие санкции со нашите сојузници во Г-7 и ЕУ, вклучително и Германија, истакна Трас.

Истовремено, Трас додаде дека Британија обезбедува економска поддршка за Украина, како и поддршка за кибер безбедноста. Лондон испорача одбранбено оружје за Киев и помага во обуката на украинските војници.

Според британската министерка, неопходно е сите членки на НАТО да потрошат два отсто од БДП за одбрана.