МНР: Нашите државјани итно да ја напуштат Украина поради опасност од воена ескалација
Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија кои се уште се наоѓаат во земјата итно да ја напуштат поради можност од воена ескалација. На оние пак кои во претстојниот период планирале посета на Украина, МНР им препорачува да избегнуваат патувања во земјата.
-Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби, велат од МНР.
Оттаму посетуваат и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои се уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, да ја контактираат на телефонските броеви +380442877882, +380663951190 и на е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk за да ги достават своите податоци. Дополнително, велат од МНР нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk
-Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, нагласуваат од МНР.
Оттаму посочуваат дека ќе продолжат да ги следат состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
Ново на Сител
-

Финска деветта година по ред најсреќна земја во светот – достапно здравство и бесплатно образование без национални тестови
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
