Новинар: Не руски, туку украински е тенкот кој прегази автомобил во Киев
На социјалните мрежи вчера се прошири видео од тенк како гази цивилен автомобил во Киев. Сепак, еден новинар наведува дека не се работи за руски тенк, туку за украински.
„Ги избришав сите ретвитови на кои се гледа како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. Се чини дека се работи за украинско возило кое изгубило контрола. Сè уште нема извештаи за руски возила во Киев. Ова е уште еден добар потсетник да не се шири непроверена содржина. “, напиша на Твитер Илија Лозовски, уредник на OCCRP.
Sky News само ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа како воено возило во Киев поминува над цивилен автомобил. Инцидентот се случил на околу 10 километри северно од зградата на украинскиот парламент. Се уште нема официјална потврда на која земја и припаѓа тенкот. Возачот на автомобилот преживеа.
Ново на Сител
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан