ИКТ во фокусот на годинашниот Меѓународен ден на царината

По повод 26 јануари, Меѓународниот ден на царината кој годинава се одбележува под мотото „Дигитална Царина: Прогресивен ангажман“, десет царински службеници добија пофалници од генералниот секретар на Светската царинска организација (СЦО) Кунио Микурија.
Како што соопшти Царинската управа, пофалниците се за исклучителниот ангажман на цариниците на полето на имплементацијатана ИТ системи чија употреба е смерница кон прогресивен напредок и поголема ефективност и ефикасност во работењето, кон олеснување на трговијата, транспортот и размената на информации, а им ги додели директорката Наташа Радеска Крстевска.
Драган Јолевски, помошник директор на Сектор за информатичко комуникациска технологија, Ѓорги Наумовски, помошник директор на Сектор за акцизи, Дејан Рајчановски, началник на Оддление за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, Јане Саздов, началник на Одделение за апликациска подршка, Зорица Ашиковска , началник на Одделение за техничка подршка, Зоран Блажевски, началник на Одделение за развој, Бобан Станковски, началник на одделение дежурен центар, Јовица Кипријановски, шеф на Служба за гранични и транзитни формалности, Ана Аризановиќ, шеф на Служба за ИТ сигурност, и Бране Петрушевски, самостоен советник администратор на апликации, се добитниците на пофалниците.
За посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење, Царинската управа одлучи да им додели пофалници од генералниот секретар на СЦО и на десет институции кои официјално ќе бидат доделени на 14 Април, Денот на Царинската управа.
Во пораката по повод годинашниот Меѓународен ден на царината, Светската царинска организација ги охрабрува царинските служби да ја покажат и промовираат примената на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) за наплата и заштита на наплатата на царинските давачки, контрола на протокот на стока, луѓе, превозни средства и пари, како и за заштита на меѓународната трговија од криминални активности, вклучително и меѓународниот тероризам кој, како што се наведува, останува горлив проблем ширум светот.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
