Зеленски: Ирпин е ослободен, ја заземаме областа околу Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските војници повторно ја заземаат територијата околу главниот град и ја потиснуваат руската армија.
– Нашите бранители напредуваат во регионот на Киев, враќајќи ја контролата над украинската територија, рече тој.
Тој го пофали и враќањето на Ирпин под контрола на Украина.
– Ирпин е ослободен. Браво! Благодарен сум на сите што работеа на овој резултат. Окупаторите се оттурнати од Ирпин. Оттурнати од Киев. Сепак, рано е да се зборува за безбедноста во овој дел од нашиот регион. Борбите продолжуваат, рече Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека руските војници продолжиле да ја контролираат областа северно од Киев и ќе продолжат да напаѓаат иако „стотици и стотици единици непријателска опрема се изгорени и уништени“ и расфрлани низ областа.
Досега во војната се убиени 143 деца, рече тој, додавајќи дека Мариупол сè уште е под опсада.
– Руските војници не дозволија денеска да се организира никаков хуманитарен коридор, не дозволија прекин на огнот, рече Зеленски.
Тој, исто така, информира дека се договорил со Борис Џонсон Велика Британија да испрати нова воена помош и да ги заостри санкциите против Русија.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
