5 возила и 25 пожарникари од Штип, Кочани и Свети Николе го гасат пожарот во штипскиот магацин
Пожарот во магацинот со детски играчки на компанијата „Андреј компани“, кој е лоциран во близина на штипската приградска населба „Три чешми“ е ставен под контрола.
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека околу 80 проценти пожарот е локализиран, а во моментот, пожарникарите работат на негово целосно гаснење.
– Објектот е опколен со пет возила и 25 пожарникари, од кои 20 се штипски, а петмина се од Кочани и Свети Николе. Објектот постојано се лади, со цел да не се прошири огнот на останатите објекти, изјави Коцев.
Направена е голема материјална штета, а на увид излезе и полицијата. Гаснењето се одвиваше непрекинато четири часа. Според првичните изјави од вработените дадени на пожарникарите во дојавата, пожарот настанал од запалено ѓубре во близина на магацинот, по што поради силниот ветар се раширил во самиот објект. Вработените се евакуирани навреме.
Ново на Сител
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот