ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ја има снимката откако цела јавност ја има снимката што правеше 5 дена?
Спасовски ја има снимката откако цела јавност ја има снимката што правеше 5 дена!?
На Спасовски му требаа цели 5 дена за да излезе во јавност и да каже дека ја има снимката од убиството на ракометарот Денис Тот. Требаше снимката да биде објавена од медиумите за Спасовски да каже дека ја има. Што правеше 5 дена и зошто го криеше убиството.
Снимката која Спасовски вели дека ја има, требало да ја има уште неколку часа по убиството, исто како и изјави од сведоците.
Наместо да излезе со детали за убиството, тој и МВР првин тврдеа дека се работи за несреќа, и тоа траеше и повеќе од 24 часа.
По 24 часа од убиството, МВР почна да шпекулира со теории. Тоа говори дека иако требало да ги имаат снимките, тие не ја кажувале вистината која произлегува од снимките.
Одговор мора да даде МВР и затоа дали во близина имало полицајци и не реагирале?
Спасовски знаел за убиството од сам почеток.
Спасовски мора да каже зошто криеше убиство.
Спасовски да поднесе оставка веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Град Скопје: Разрешени директорите на „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, вонредна ревизија на сите јавни претпријатија
-
Град Скопје најавува вонредна ревизија во сите јавни претпријатија
-
Влада: Укинато зголемувањето на нотарските тарифи
-
Владата ја продолжи кризната состојба, одвоени 52 милиони денари за ДЗС за пожарите
-
Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита со кој се укинуваат економските директори
-
Починато момче пронајдено во влез на зграда во Центар
-
ЈОРСМ: Возач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа
-
Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам