Македонија
23. April 2022 - 8:38

Состојба на патиштата

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски се продолжува времената измена на режимот на сообраќај при изведба на грaдежни активности - рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница. Времетраењето на времениот режим на сообраќај е до 15 Јули 2022 год. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.