-->
-->
Сè уште активен пожарот кај струшката населба Елен Камен
-->
Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило.
– Засега нема опасност за викендичките и куќите во населбата Елен Камен, информираат од ТППЕ – Струга.
Иако побарале помош од надлежните институции, струшките пожарникари велат дека се сами на терен.
Пожарот кој вчера напладне избувнал во шумата на патот кон селото Радожда, во близина на викенд населбата Елен Камен, предизивика страв кај жителите, поради проширување кон куќите.
Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
