Повторно се тресе тлото на Македонија - регистриран нов земјотрес од 4.2 степени по Рихтер
Нов земјотрес почувствуван во источниот дел од територијата на Република Македонија.
- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случил во 18 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Делчево, Берово, Пехчево и околината.
Ново на Сител
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино
-
Пронајдени шест тела на мигранти близу Сицилија