Од удар на гром во зграда во Велес се запали и изгоре стан, нема жртви
Во силното невреме со дожд кое попладнево го зафати Велес, гром удри во зграда на ул.„Никола Карев“ бр 3 наспроти ООУ „Васил Главинов“. Од громот се запали и изгоре стан во поткровје и покрај брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ од Велес. Станарите од станот што се запалил не биле дома и нема повредени лица.
-Четворица соседи, од кои две жени и двајца мажи побарале помош од екипата на Итната медицинска помош која дошла на настанот во 14,40 часот. Од нив двајцата мажи, постар татко и син побарале медицинска помош поради зголемен крвен притисок и видна вознемиреност од настанот, а по укажаната прва помош на лице место од екипата на Прва помош тие со возило на Итна помош биле однесени на реанимација во велешката Општа болница информира за МИА, д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош која била на местото на настанот.
Како што информираат за МИА од ТППЕ од Велес тие да интервенираат биле повикани во 14,25 часот и на местото на пожарот се упатиле со 12 пожарникари и три противпожарни возила. Пожарот бил локализиран во 15,40 часот, а целосно изгаснат во 16,30 часот.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
