Димитриевски до Ахмети: Се додека постои последниот Македонец, Македонија ќе постои
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане
истакна партијата ДУИ којашто на последните парламентарни избори се декларирала како зелена и реформирана партија со нови политики којашто ќе гради добри меѓуетнички односи, позитивно расположение во државата,
олеснување на состојбите, денеска ја гледаме повторно во исто светло, многу слично како во 2001 година.
„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му порачам на господинот Ахмети се додека постои
последниот Македонец во оваа држава и граѓани коишто ја сакаат во целост државата без разлика на својата етничка, верска или било која друга припадност Македонија ќе постои како што постоела отсекогаш“, рече Димитриевски.
Ново на Сител
-

Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
