Тројца загинати во експлозија на Синај

Најмалку тројца египетски полицајци загинаа, а петмина други се ранети минатата ноќ при „голема експлозија“ во северниот дел на Синајскиот Полуостров, објави електронското издание на каирскиот весник „Ал Ахрам“.
Според кинеската агенција Ксинхуа, цел на бомбашиот напад, што се случил на главната улициа во центарот на градот Ариша, било оклопно полициско воизло.
Египетски полициски извори соопштија дека нападот најверокатно е дело на исламитичката група Синајска држава, која е поврзана со џихадистите од Исламска држава (ИД).
Ова е трет напад врз египетските безбедносни сили во последниве десетина дена, Во неделата беа убиени три лица, двајца полициајци и еден цивил, кога тројца милитанти на мотоцикли отворија оган врз полициски пункт во покраината Шаркија, северно од Каиро.
Минатиот четврток загинаа седуммина полицијаци и тројца цивили при експлозија на импровизирана експлозивна направа во местото Гиза, во близината на Каиро
Од соборувањето од власта на исламистичкиот претседател на Египет, Мохамед Морси во 2013 година, па досега, во терористички напади беа убиени стотина египетски полицајци и војници. Одговорност за најголемиот број од овие напади презеде групата Синајска држава.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
