Бајден: Испративме 5.500 противтенковски ракети „Џавелин“ за Украина, испораката нема да запре
Американскиот претседател Џо Бајден денеска за време на посета на фабрика на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) за производства на противтенковски ракети „Џавелин“ (Javelin) се обрати по повод безбедносната помош за Украина и ги пофали работниците за критичката улога во борбата и за нивната пожртвуваност и професионалност. Фабриката се наоѓа во Троја, Алабама, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
За време на инвазијата „Џавелин“ системите се ефективно и масовно користени од украинската армија за одбрана од руските напади.
-Вие правите гигантска разлика со производството на оружјето со што Украинците се борат за слобода и за тоа ви велам благодарам, изјави Бајден.
Рече дека САД досега испратиле 5.500 илјади „Џаевелини“ за Украина покрај останатото оружје од сојузниците и порача дека испораката нема да запре.
-Со ова правиме Путин да биде стратешки победен… со ова храбрите луѓе на Украина се борат против неговата брутална војна да доминира со Украина, каде тој извршува воени злосторства, додаде тој.
Претседателот на САД рече дека „моментално се води битка во светот меѓу автократијата и демократијата“.
-Ако не се исправиме пред диктаторите тие ќе продолжат да доаѓаат, порача тој.
-Досега потрошивме три милијарди долари помош за Украина… Побарав од Конгресот дополнителна поддршка од над 30 милијарди долари за Украинците да ја бранат слободата на боиштата, исто како што успееја да ја одбранат во битката за Киев, рече Бајден.
Како што изјави главниот ракетен инжењер, фабриката досега произвела повеќе од 50 илјади ракети. Во неа работат околу 600 луѓе, околу 200 од нив на произодство на овие системи.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
