Половина тон кокаин е пронајден во кеси за кафе во Швајцарија
– Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката Неспресо во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.
Како што се наведува, фабриката Неспресо, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја“ при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин.
„Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на нашите производи“, се вели во соопштението на Неспресо.
Се додава дека истрагата на полицијата е во тек и дека не може да се дадат повеќе детали за споменатиот настан.
„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за употреба“, порача швајцарскиот производител на кафе.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
