-->
-->
26-годишен тетовец без лиценца приредувал игри на среќа
-->

На 07.05.2022 во 22.15 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од с.Боговиње поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа. При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
