161 санкционирани возачи во Скопје, 23 за управување под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
