Ковачевски: Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници
Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислувате за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што побара неговиот бугарски колега Петков.
Според Ковачевски, единствено ние во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секој смисол – од користење јазици, преку еднаков пристап до вработување во јавниот сектор, до најразличните владини програми во рамки на Буџетот, како и преку другите институции што се формирани.
Премиерот потенцира дека во оваа држава сите граѓани имаат еднакви шанси за личен и професионален развој.
-Ние исто така имаме Канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани, вклучително и на бугарското малцинство, односно граѓаните што се самоопределуваат како граѓани во државата, така што нормално дека доколку некој е загрозен дека може низ тие институции тоа да го направи, а секако капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот на институциите бидејќи сите граѓани во оваа држава, ние и во владината програма сме ставиле и нашиот Устав тоа го предвидува дека за сите граѓани оваа држава е место каде што сите имаат еднакви шанси како за личниот, така и за професионалниот развој, нагласи Ковачевски пред обраќањето на панелот организиран во рамки настанот „Социополитичко учество на младите”.
Ново на Сител
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
