Македонија
23. May 2022 - 12:01

Тешка сообраќајка кај Скопјанка, мотор се заби во пикап

Сообраќајна несреќа меѓу пикап и мотоцикл се случила утринава кај трговскиот центар Скопјанка во Аеродром, пренесува 4NEWS.mk.

Според фотографиите може да се забележи дека од ударот е скршено едно од задните стакла на пикапот.

Засега нема информации за повредени лица.